Руски дизајнер вкрсти „Лада Нива“ и „Мерцедес Бенц“ Г-класа

Авторот на концептот го нарече хибридното возило „Г-Нива 2020“.

Независниот дизајнер Александар Исаев ја претстави својата визија за идната модификација на „Лада 4x4“. Тој го вкрсти концептот 4х4 Vision од 2018 година со стилот на култниот „Мерцедес-Бенц“ Г-класа. Според авторот на дизајнот, двата модела, и 4x4 и „Гелендваген”, ги задржале својот првобитен изглед и препознатливите црти. Тој ги поврза во една целина и својот концепт го нарече G-Niva 2020.

Виртуелното теренско возило се здоби со низа дизајнерски специфичности. Меѓу другото, врати без рамка и делумно подвижен покрив. Од „Гелендваген” ги доби лаковите над тркалата и трепкачите со карактеристичен дизајн, како и масивната хауба и големите фелни со нископрофилни гуми. Притоа кај „Г-Нива 2020“ може да се препознае и класичната „Лада 4x4“ од која Исаев го позајми дизајнот на вратата на багажникот и воланот.

„Г-Нива 2020“ постои само во вид на компјутерска графика, така што оваа интересна комбинација не треба да се очекува во линијата модели на „АвтоВАЗ”.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња