Судејќи според фотографијата, групата се состои од две повеќенаменски автоцистерни АРС-14КМ и едно возило за аеросолна дезинфекција КДА.
Руска армија опремљена специјалном техником се појавила у центру Београда.Група се судећи по фотографији састоји од две вишенаменске аутоцистерне АРС-14КМ и једног возила за аеросолну дезинфекцију КДА. pic.twitter.com/SUotSXksa7
— Marsonline (@gvozdenavolja) April 5, 2020
Повеќенаменските автоцистерни АРС-14КМ се пред сé наменети за дезинфекција на надворешни површини (дезинфекција на патни комуникации), но се употребливи и за деконтаминација на воена техника, транспортни средства и вооружување, вклучувајќи и создавање непроѕирна чадна завеса за заштита на оклопно-механизираните единици на фронтот.
Специјалното возило се наоѓа на шасија на камион Камаз-43114. Неговата маса изнесува 15450 кг. Со возилото оди и дополнителна опрема со тежина од 2620 килограми која е сместена во посебни отсеци. Тоа е главно мрежа на потисни црева со посебни млазници во вид на четка, како и разни видови агрегати, спојки, разделници, редукциски вентили. На возилото се наоѓаат две цистерни со капацитет од 2700 и 1040 литри со специјално подготвена течност (првенствено РД-2). Екипажот кој управува со возилото и врши дезинфекција се состои од три члена (возач и 2 специјалисти за АБХО). Покрај примарната улога што ја има овој систем, тој може да се употреби и за гаснење пожари, како и за маскирање на единиците на фронтот со создавање аеросолна завеса.
Што се однесува до возилото за аеросолна дезинфекција КДА, во прашање е универзалното повеќенаменско средство за аеросолна дезинфекција-КДА кое главно се употребува за неутрализирање на биопатогени во внатрешноста на објекти (згради, болници, касарни), но може да се употреби и за дезинфекција на надворешната средина кога станува збор за чистење на возила и средства за индивидуална заштита. Најсовремената верзија на ова возило се вика „Орлан“.
Што се однесува до комплексот “Орлан”, тој е воведен во вооружувањето на руската армија во 2015 година. Благодарение на неговата конструкција ова средство може да се примени во најсложени услови на експлоатација. За ефикасноста на ова средство најдобро сведочи податокот дека е во состојба за една минута во целост да деконтаминира простор со површина од 90 квадратни метри.
“Орлан” е наменет за ефикасна дезинфекција на различни типови возила, згради и останати затворени објекти, како и средства за индивидуална заштита. Целиот комплекс се наоѓа на шасија на камион КамАЗ-53501.
Воздухопловна група авиони Ил-76МД за помалку од 24 часа префрли специјален интервентен тим на руското Министерство за одбрана на територијата на Србија. Веднаш по слетувањето на авионите беше извршено нивно истоварување, а транспортираните единици практично веднаш беа префрлени во состојба на оперативна готовност и подготвени за употреба. Нивното ангажирање се очекува во жариштата на епидемијата во Белград, Ќуприја, Ваљево, Нови Сад, Ниш, Крагуевац и Кикинда.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче