Како во Србија е пречекана помошта од Русија (ФОТО)

Министерство за одбрана на Србија
Два од 11 авиони со медицинска помош од Руската Федерација слетаа на аеродромот „Полковник-пилот Миленко Павловиќ“ во Батајница.

Помошта во Србија пристигна по вчерашниот разговор на двајцата претседатели на Русија и Србија Владимир Путин и Александар Вучиќ.

Во руските авиони има техника и медицинска опрема за пружање помош во спречувањето, сузбивањето и гаснењето на епидемијата на коронавирусот во Србија.

На дочекот присуствуваа претседателот на Владата на Република Србија Ана Брнабиќ, министерот за одбрана Александар Вулин, началникот на Генералштабот на Војската на Србија генерал Милан Мојсиловиќ и амбасадорот на Руската Федерација Александар Боцан-Харченко, пренесува Министерството за одбрана на Србија.

Амбасадорот на Руската ФедерацијаАлександар Боцан-Харчено нагласи дека денеска е среќен затоа што во Србија пристигнала помош од Руската Федерација.

„Оваа акција целосно се вклопува во карактерот на нашите односи и ги потврдува уште еднаш пријателството, цврстата братска помош и подготвеноста на нашите земји да бидат заедно, да соработуваат колку што е можно подобро, не само во мир, туку и во тешки моменти“.

 „Kако што Русија ни помагаше согласно Воено-техничкиот договор и направи нашата војска да биде посилна, посигурна и небото да ни биде чувано и заштитено, така денес Руската Федерација и нејзините вооружени сили ни помагаат да се бориме против страшниот вирус ковид 19, кој го нападна и во црно го зави целиот свет“, истакна српскиот министер за одбрана Александар Вулин.

Во своето обраќање претседателот на Владата на Србија Ана Брнабиќ се заблагодари за помошта за која истакна дека „ни е неопходна“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња