Министерство за одбрана на Русија
Авионите Ил-76 на Воздушно-космичките сили на Русија ќе префрлат на аеродромот „Батајница” (20 километри северозападно од Белград) руски воени лекари, стручњаци за вирологија и епидемиологија со современа опрема за епидемиолошка дијагностика и спроведување дезинфекциски мерки.
Министерство за одбрана на Русија
Одобрение за оваа помош претходно даде рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу по налог на Врховниот командант на руската војска Владимир Путин.
Министерство за одбрана на Русија
Планирано е руската воена транспортна авијација да реализира вкупно 11 летови со кои во Србија ќе бидат префрлени 87 воени лица, вклучувајќи воени лекари, виролози на руските Сили за радијациска, хемиска и биолошка заштита (РХБЗ), како и специјална медицинска опрема, средства за заштита и 16 единици воена техника.