Русија ќе ѝ испрати хуманитарна помош на Србија во борбата со коронавирусот

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Русија ќе ѝ даде на Србија хуманитарна помош во борбата против ширењето на коронавирусот, за што телефонски дискутираа рускиот и српскиот претседател Владимир Путин и Александар Вучиќ.

„Во духот на традиционално пријателските руско-српски односи е договорено да се даде хуманитарна помош на Србија со цел спротивставување на ширењето на инфекцијата“, се вели во соопштението на Кремљ, пренесува RT.

Помошта, која вклучува и испраќање стручњаци, првенствено ќе се врши преку Министерството за одбрана на Русија, истакнува Кремљ.

На 26 март владата на Србија побара помош од Русија во борбата против коронавирусот.

Тогаш МНР на Србија испрати барање во рамките на договорот меѓу владите на двете земји во сферата на реагирање на вонредни хуманитарни ситуации.