Авион на руската војска однесе медицинска помош во САД (ВИДЕО)

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND

Авион Ан-124-100 на Воздушно-космичките сили на Русија со заштитни маски и медицинска опрема одлета за САД, објави РИА „Новости”, повикувајќи се на соопштението на Министерството за одбрана на РФ.

Претходно портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков изјави дека Русија поради тешката епидемиолошка ситуација во Америка му понудила помош на Вашингтон.

Претседателот на Русија Владимир Путин и американскиот лидер Доналд Трамп на 30 март разговараа телефонски за пандемијата на коронавирусот и ситуацијата на светскиот пазар на нафта.