Се појави фотографија на чеченскиот лидер со неговото омилено оружје (ФОТО)

Интернет-портал „Бог-рата“ (mars.online)

Фотографијата со чеченскиот лидер Рамзан Кадиров најверојатно настанала во текот на обиколката на специјалните единици кои се обучуваат во Кавкаските планини (зимска алпинистичка обука). Во неговите раце се наоѓа автоматска пушка АК-74М со голем број тактички додатоци како што се колиматорски нишан, тактичка лампа, ласерски обележувач на цел.

Неретко можат да се видат фотографии и видеоматеријали на кои Рамзан Кадиров пука од различно стрелечко оружје – од пиштоли па сé до тешки митралези. Тој важи за човек кој е фанатичен вљубеник во боречки вештини и оружје и воопшто на спортскиот начин на живот.

Инаку, во градот Гудермес се наоѓа Рускиот универзитет на спецназот каде што се обучуваат припадниците на специјалните единици од различни специјални служби на Руската Федерација. Програмата за професионалниот курс на овој универзитет е направена врз основа на богатото искуство собрано на просторите на Чеченија при уништувањето на интернационалниот тероризам.

Во рамките на програмата се наоѓаат различни наставни единици кои се состојат од обука со огнено оружје, специјална тактика, примена на падобранство во специјалните единици, тактика на специјални единици во ридско-планинско подрачје со елементи на алпинизам, диверзантско-нуркачки обуки, организација на обезбедување на личности и објекти, воено-медицински курс, специјална обука за воени новинари, обука за работа со службени кучиња, обука за возачи на специјални возила, инженериска обука и ИТ-обука.

Единиците на чеченскиот спецназ ги употребуваат и модернизираните автоматски пушки АК-74М3. Оваа верзија е првенствено наменета за опремување на специјалните единици. Од претходните верзии се разликува по тоа што има „Пикатини“ шини, на кои може да се закачи цел спектар додатоци. Тоа пред сé се однесува на различни видови нишани за ден и ноќ, како што е, на пример, најновиот колиматорски нишан „Кречет“ или монокуларот „Луњ“ кој е особено ефикасен при изведувањето ноќни акции. Овие елементи овозможуваат ефикасна борба со непријателски цели на далечини и до 1000 метри.

На пушката има и ласерски обележувач, а е опремена и со потцевен фрлач на гранати ГП-34 (ГРАУ 6Г34) со калибар 40 мм, со ефективен дострел и до 400 м. За разлика од својот претходник, ГП-34 овозможува драстично зголемување на борбената брзина на стрелба во минута (ГП-30 10-12 гран/мин.-ГП-34 20 гран/мин.). Овој потцевен фрлач е производ на познатиот руски производител „Ижмаш“ и настана врз база на стандардниот армиски фрлач ГП-30 „Обувка“ (експортна верзија „Гранат“).

Поинаква е и конструкцијата на делот на пушката што се однесува до кундакот. Пушката користи и проѕирна рамка која овозможува визуелна контрола над потрошувачката на муниција.

Оваа модификација е направена да се користи заедно со балистичкиот борбен комплет „Пермјачка-М“, т.е. да биде негов интегрален дел. Инаку, овој борбен комплет се состои од 20 елементи како што е, на пример, комбинезон изработен од кевлар, балистички плочи со тактички елек, шлем со заштитни очила и ракавици и сл. Масата на целиот овој комплет изнесува до 12 кг. Според зборовите на производителот, балистичкиот борбен комплет „Пермјачка-М“ штити од муниција истрелана од пушки АК и АКМ, СВД, М16А1, М16А2…

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња