Скафандерот ги покрива телото и главата. Направен е од двоен слој материјал и тежи само 500 грама. Скафандерот може да се користи заедно со други средства за индивидуална заштита.
„Скафандерот пред сé е наменет за медицински работници. Можат да го користат и други луѓе кои контактираат со голем број луѓе поради својата работа и се најмногу изложени на ризик од зараза. Сега ги подготвуваме документите за сертификација на овој производ и примаме нарачки. Постои интерес, меѓу другото, од страна на индустриските претпријатија кои водат сметка за здравјето на вработените“, изјави извршниот директор на „Ростех” Олег Евтушенко.
„Росхимзашчита”, компанијата-ќерка на корпорацијата, веќе почна со пробно производство на скафандерот.
Претставникот на „Ростех“ во коментарот за РИА „Новости” истакна дека цената на ваков скафандер ќе биде околу две илјади рубли.