„Чувај се - остани дома”: Руска акробатска пилотска група испишува пораки на небото (ВИДЕО)

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Руската акробатска пилотска група „Прв лет” употреби техника на испишување пораки на небо со помош на чад за да им даде поддршка на сите луѓе во карантин и самоизолација поради пандемијата на коронавирусот.

Акробатскиот тим пилоти испиша на небото пораки како што се „Чувај се – остани дома“ во знак на поддршка на борбата против COVID-19.

Летот го изведоа во Москва во четвртокот, 26 март.

Претходно на еден од московските облакодери беше забележана порака со „тркачки букви“ на панел: „Ќе победиме“.