Што сé можат руските ловци од петтата генерација Су-57

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Министерството за одбрана на Русија објави снимки од лет на авиони-ловци од петтата генерација Су-57. Како што соопштува воениот ресор, пилотите на Воздушно-космичките сили ги совладале техниките на управување со борбените авиони во сите режими на летање, вклучувајќи екстремни висини, брзини и преоптоварување.

На снимките се гледа како пилотите увежбуваат поединечно и групно пилотирање, летање на мали и исклучително мали висини, како и употреба на воздухопловно оружје. Во завршницата се изведени елементи на блиска воздушна борба.

Су-57 е руски ловец од петтата генерација наменет за уништување на сите видови цели во воздух, на копно и вода. Првпат полета 2010 година. Комбинацијата од висока маневарбилност и можности за суперсоничен лет, како и модерниот систем на опрема и „невидливост“ му обезбедија предност во однос на конкуренцијата.

На форумот „Армија-2019“ беше потпишан договор за испорака на 76 ловци Су-57 на Воздушно-космичките сили на Русија. Во овој момент продолжуваат тестирањата на авионот, се проверува функционирањето на неговите системи, како и режимите на работа на моторите од втората фаза.