„Калашников“ продолжува со циклусот посветен на 100-годишнината на истакнатиот советски оружар Евгениј Драгунов. Овој пат е објавена видеоснимка посветена на вежбовната снајперска пушка ТСВ-1. Конструирана е кон крајот на 1960-тите на лична иницијатива на Евгенија Фјодорович Драгунов за потребите од масовна обука на снајперисти.
Како што објасни водечкиот конструктор на концернот Сергеј Горбунов, тоа е хибрид на моделот СВД и обична пушка ТОЗ-8 која им е добро позната на сите советски ученици.
ТСВ-1 по тежина и ергономија е слична на моделот СВД, но има помал калибар. Тоа значи дека од неа може да се пука дури и на стрелиште предвидено за пиштоли, во мета оддалечена 25 метри. Патем, првите примероци на оваа пушка се и правени со шаржер од пиштол.
Пушката беше полуавтоматска. Имаше „монтажна“ конструкција, т.е. со одвртувач можеше да се расклопи на три дела и да се спакува во торба.
Имаше кратка цевка, само 300 мм, но имаше продолжеток во вид на поширока „лажна“ цевка. Потесната (вистинската) цевка беше со калибар 5,6 мм, а пошироката 12-13 мм.
„Пушката не е тестирана во армијата. За неа не се заинтересираа ни војската ни Доброволното друштво за содејство со копнената армија, авијацијата и морнарицата (ДОСААФ)“, вели Сергеј Горбунов. „Очигледно во тоа време не постоеше концепција за масовна обука на снајперисти. Се претпоставуваше дека секој војник кој добро гаѓа може да стане снајперист. „Монтажниот“ систем е многу интересен. Може да се уфрли во корпусот на АК или М-16. Дури и во наше време тоа не е лошо оружје за лов и разонода во „милитари“ стил“.