Руски научници успеаја да го дешифрираат комплетниот геном на коронавирусот

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND
Докторот на медицински науки Дмитриј Лиознов истакна дека генетската анализа е важна за разбирање на еволуцијата на новиот коронавирус и дека ќе биде од полза при изработката на вакцина.

Научниците од Националниот истражувачки институт за грип „А. А. Смородинцев” на руското Министерство за здравство успеаја да го секвенцираат првиот комплетен геном на коронавирусот. Ова во четвртокот, 19 март, го соопшти прес-службата на рускиот здравствен ресор.

„Стручњаците од институтот „Смородинцев“ на Министерството за здравство го секвенцираа од материјал на пациент со COVID-19 првиот потполн геном на вирусот корона SARS-CoV-2 од Русија“, се наведува во соопштението.

Како што објасни вршителот на должноста директор на научноистражувачкиот институт „А. А. Смородинцев”, доктор на медицински науки Дмитриј Лиознов, генетската анализа генетската анализа е важна за разбирање на еволуцијата на новиот коронавирус и дека ќе биде од полза при изработката на вакцина и препарат за лекување. „Овој коронавирус е нов за нас, затоа е од суштинска важност да имаме можност да го утврдиме патот на неговото ширење и влезот на територијата на нашата земја, како и неговите модификации. Ова сознание ќе ни помогне во изработката на вакцини и противвирусни препарати за лекување на коронавирусот“, изјави Лиознов, пренесува прес-службата на Министерството.

Министерството за здравство на Русија исто така истакна дека добиените податоци се испратени во меѓународната база на податоци што ја користат Светската здравствена организација и водечките истражувачки групи за следење на глобалната еволуција на новиот коронавирус.

Според последните податоци, во светот се заразени преку 210 илјади луѓе, забележани се околу 8,5 илјади смртни исходи. Во Русија се регистрирани 147 случаи на зараза, а едно лице почина. За информации за ситуацијата во Русија владата го отвори интернет-порталот стопкоронавирус.рф.