Крајбрежните ракетни системи „Бал” првпат ќе учествуваат на Парадата на Победата

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND
На Парадата на Победата во Москва првпат ќе биде покажан крајбрежниот ракетен систем „Бал“. Техниката веќе пристигна во Алабино кај Москва, каде ќе се подготви за учество во пробите.

Вкупно во состав на колоната која ќе помине по Црвениот плоштад ќе има шест возила од овој тип. Тоа се самоодни пунктови за команда и врска, лансери во кои се наоѓаат противбродски ракети и транспортни возила, објави агенцијата ТАСС, повикувајќи се на Министерството за одбрана на Руската Федерација.

А во целата Парада ќе учествуваат вкупно 225 единици техника и вооружување, од кои преку 20 се најнови модели.

Крајбрежниот систем „Бал“ се наоѓа во состав на вооружувањето на некои единици на Тихоокеанската и Северната флота и Касписката флотила на руската морнарица. Во состојба е да гаѓа цели на вода. Системите „Бал“ се вооружени со противбродски ракети Х-35 и Х-35У.