Русија воведува забрана за влез на странци од 18 март до 1 мај

Mikhail Voskresensky/Sputnik
Наведената вест е објавена на веб-страниците на руската влада.

„Премиерот на Руската Федерација Михаил Мишустин го извести претседателот дека се работи за безбедноста на земјата и здравјето на нејзиното население, како и за спречување на ширењето на коронавирусот, а во согласност со руските закони, привремено е забранет влез во земјата за сите странски државјани, како и за лица без државјанство“, се наведува во соопштението.

Забраната не се однесува на дипломатските претставници, односно вработените во амбасадите и конзулатите на територијата на Руската Федерација, возачите во патниот сообраќај, воздухопловниот, бродскиот и железничкиот персонал, членовите на службените делегации и лица кои имаат дипломатски, службени, обични приватни визи, визи издадени поради смртен случај на член на семејството, лица со траен престој на територијата на Руската Федерација, како и на лица кои се наоѓаат во транзитната зона на аеродромите.

Мишустин нагласи дека мерките се донесени „согласно препораките на Светската здравствена организација поради вонредната состојба во која се наоѓаме и дека се исклучиво од привремен карактер“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња