Челични птици над Дамаск: Се појави фотографија на руски ловец Су-35 со комплексот „Хибини“

Слободан Ѓукиќ

На интернет-ресурсите се појави фотографија на која се гледа руски ловец Су-35 од генерацијата 4++ во еден од хангарите што се наоѓаат во рамките на воздухопловната база „Хмејмим“ во Сирија. Благодарение на големиот тактички радиус овие авиони се ангажирани на покривање на воздушниот простор над цела Сирија.

Овие летала првпат се појавија во Сирија во 2016 година. Од тој момент па до денес, група од овие авиони активно учествуваше во операциите против терористите во Сирија (особено против исламистичката група „Исламска држава“). Во временска рамка од четири години овој авион употреби поголем дел од убојните средства кои ги произведува руската воена индустрија. Посебен акцент е насочен кон високопрецизните средства со голема разорна сила и со минимално отстапување од целта (воздухопловни бомбеи и тактички ракети од класата „воздух-земја“).

Исто така, овие авиони активно учествуваат во заштитата на воздушниот простор околу воените бази  „Хмејмим“ и „Тартус“. Во неколку наврати успешно беше пресечен обид за повреда на сирискиот воздушен простор од страна на израелски борбени авиони.

Пилотите кои управуваат со овие летала максимално го искористија неговиот тактички потенцијал кој е во склад со повеќенаменската улога на ова летало – огромен. Пилотите уште подобро се запознаа со своите летала и го избрусија военото искуство.

Иако руската војска, поточно ВКС, смета дека воведувањето на ловците од петтата генерација Су-57 ќе обезбеди нејзина технолошка надградба, нема никаков сомнеж дека покрај ова летало еден од главните авиони ќе остане и суперманеварбилниот „фланкер“ Су-35.

На снимката можат да се видат и контејнерите на системот за противелектронска борба „Хибини“ кои се наоѓаат на врвовите на крилата, со карактеристичен облик на ракета. Овој систем во целост го деформира сигналот кој непријателскиот радар од земјата или од авион го насочува кон леталото. Последиците од таа операција за изворот на радиосигналот можат да бидат крајно фатални: од деформација на сигналот до негова целосна блокада, со што радарски наведуваните ракети стануваат збунети и слепи.

Су-35С е модернизиран суперманеварбилен повеќенаменски ловец од генерацијата 4++ кој е конструиран со помош на технологија од петтата генерација. Небесниот крстосувач го карактеризира многу квалитетна авионика која за основа користи комплексен компјутерски информационо-команден систем, нов радар, мотори АЛ-41Ф1С со плазмен систем на согорување со зголемена моќност и управливи вектори на потисок. Овие мотори според своите карактеристики можат да се применат и на ловци од петтата генерација, затоа што обезбедуваат надзвучна брзина без дополнително согорување.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња