Во Карелија забележани нови ловци Су-35С вооружени со ракети Р-77 и комплексот „Хибини“ (ВИДЕО)

Скриншот, телевизиja „Ѕвезда”
Во Република Карелија беа реализирани првите вежбовни активности во кои учествува неодамна формираната ловечка ескадрила составена од апарати Су-35С од генерацијата 4++. Забележително е дека овие авиони беа опремени со врвно вооружување од класата „воздух-воздух“ и системи за противелектронска борба. Се работи за современ пакет опрема, кој покрај супериорните летечко-технички карактеристики на авионот, треба да му обезбеди на рускиот пилот победа во „воздушен бој“.

Во близок временски период ескадрила ловци Су-35С, кој се наоѓа во состав на Западниот воен округ, ќе започне со циклус на обука со боево гаѓање. Овој дел од обуката ќе биде особено интересен за пилотите бидејќи интензивно ќе се користи најсовременото воздухопловно вооружување од класата „воздух-воздух“ и „воздух-земја“, пишува порталот Mars.online.

Се забележува дека ловците беа вооружени со ракети од класата „воздух-воздух“ со среден дострел Р-77 (РВВ-АЕ). Оваа ракета е развиена од познатата руска компанија „Вимпел“ и спаа во најсовремените ракети од таков тип во светот. Нејзиниот максимален дострел достигнува и до 110+ км (РВВ-СД), а во завршницата на нејзината патека се наведува со помош на глава со активно радарско самонаведување. Нејзината уникатна конструкција, со препознатливите решеткасти стабилизатори, ѝ дава исклучителна енергетско-кинетичка и аеродинамична способност за ефикасна борба против високоманеврирачки цели. Максималната брзина на ракетата е околу 4 маха (4250 км/час).

Не постојат ограничувања за нејзина употреба, без оглед на времето на денот (ден/ноќ), сложените метеоролошки услови, активното попречување од страна на непријателските противелектронски средства. Веројатноста да се уништи целта на максимални растојанија предвидени за оваа ракета е 0,6-0,7. Значи, со две лансирани ракети, погодокот би бил неизбежен, а целта уништена.

На снимката можат да се видат и контејнерите на системот за противелектронска борба „Хибини“ сместени на врвовите на крилата, со карактеристичниот облик на ракетата. Овој систем целосно го деформира сигналот што непријателот радар од земја или од авион го насочува кон леталото. Последиците од таа операција за изворот на радиосигналот можат да бидат крајно фатални: од деформација на сигналот до негова целосна блокада, со што радарски наведуваните ракети стануваат збунети и слепи.

Су-35С е модернизиран суперманеварбилен повеќенаменски ловец од генерацијата 4++ кој е конструиран со помош на технологија од петтата генерација. Небесниот крстосувач се карактеризира со многу квалитетна авионика која за основа користи комплексен компјутерски информационо-команден систем, нов радар, мотори АЛ-41Ф1С со плазмен систем за согорување со зголемена моќност и управливи вектори на потисок. Овие мотори, според нивните карактеристики, можат да се применат и кај ловците од петтата генерација бидејќи обезбедуваат суперсонична брзина без дополнително согорување.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња