За една недела покрај границите на Русија летале 28 странски извидувачко-шпионски авиони

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

Покрај руските граници изминативе седум дена се забележани 28 странски извидувачко-шпионски авиони и четири странски беспилотни летала, а руската противвоздушна одбрана не дозволила повреда на границата, ги пренесува весникот „Краснаја звезда“ податоците на Министерството за одбрана на Русија. Сите овие летови поминале под будното око на руските радарски системи, пренесуваат руските медиуми.