Ова за агенцијата ТАСС го соопшти извор во военоиндустрискиот сектор.
Според него, првично било планирано ракетата да се тестира од подморницата К-561 „Казањ“ од проектот 885М (шифра „Јасен-М“), но тестирањето на подморницата се одолжило, па затоа планот е сменет.
Во јануари „Циркон“ првпат беше лансиран од фрегатата „Адмирал Горшков“.
Во декември 2019 година претседателот на РФ Владимир Путин изјави дека руските стручњаци работат на „приземјување“ на ракетата „ „Циркон“.
Во мај истата година беше соопштено дека примопредавањето на подморницата К-561 „Казањ“ се одложува поради усовршување на помоќни системи.
Путин во февруари 2019 година изјави дека „Циркон“ „може да уништува цели како на море, така и на копно“, дека ќе развива брзина од 9 маха и ќе има дострел од преку илјада километри, како и дека ова оружје ќе го добијат како подморниците кои се веќе во арсеналот на руската морнарица, така и оние кои допрва се градат и прилагодуваат за ракети „Калибар“.