Aurus е во целост руски автомобил, тоа е платформа направена од нула во услови на санкции, изјави во вторникот, 10 март, во интервју за РИА „Новости“ директорот на Музејско-изложбениот технички центар на Автомото клубот на Федералната служба за обезбедување на Русија Сергеј Паронџанов.
„Еве, на пример, Aurus, кој сега постои, во суштина е платформа направена од нула, автомобил направен од нула. Разбирливо е дека во услови на санкции не можевме да користиме странски делови. Нé обвинуваат дека некои работи се преземени оттука и оттаму, но сите забораваат на санкциите. Дури и да сакавме да преземеме нешто, не можевме. Aurus е домашен автомобил“, рече тој.
Паронџанов притоа истакна дека при проектирањето на Aurus се земени предвид најдобрите технички решенија како на советското производство на автомобили, така и на странски модели.
Зборувајќи за проектирањето на моделот кабриолет тој, од гледна точка на обезбедувањето на државните челници, рече дека за ФСО е приоритет безбедноста, а за патниците удобноста. „Сé е подеднакво важно“, заклучи тој.
Се очекува сериското производство на руските автомобили од „делукс“ класата на единствената модуларна платформа под брендот Aurus да почне во фабриката Ford Sollers во Елабуга (Татарстан) во првиот квартал на 2021 година, соопшти во декември Министерството за индустрија и трговија на РФ. Потоа, според плановите на министерството, до 2024-2025 година производството ќе достигне 5 илјади возила годишно. Цената на моделот Aurus Senat во малопродажба ќе биде најмалку 18 милиони рубли (220 илјади евра).
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче