Полнење на резервоарите на Ту-142 над Црното море: снимка од кабината

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Дописнички на ТВ-каналот „Ѕвезда“ со свои очи го набљудуваа процесот на полнење на резервоарите на противподморнички авион Ту-142 во воздух во текот на маневри одржани во Црното море.

Полнењето на резервоарите во воздух е еден од најсложените елементи на обуката за летање. Процесот се одвива при големи брзини, при што екипажите треба да ги задржат авионите во иста положба мошне долго.

Ту-142 е противподморнички авион изработен врз база на стратешкиот бомбардер Ту-95.

Ил-78 е воздушен танкер направен врз база на транспортниот авион Ил-76.

Во маневрите над Црното море освен противподморнички авиони беа користени и повеќенаменски ловци СУ-30СМ и бомбардери Су-24.