На воени вежби во Русија применет тешкиот повеќецевен ракетен лансер „Сонцепјок“

Vitaly V. Kuzmin/www.vitalykuzmin.net
На вежби во Русија фрлачите на пламен спржија сé што се најде на површина од 4 хектари.

Во Волгоградската област на полигонот Прудбој се одржани билатерални тактички вежби со боева примена на тешки повеќецевни ракетни лансери „Сонцепјок“. Така условните непријателски колони се најдоа на удар на детонации на термобарична муниција и огнен пекол во радиус од 400 метри.

Во вежбите учествуваа вкупно илјада војници и преку 300 единици техника, меѓу останатото и БМП-3, тенкови Т-90А, повеќецевен лансер на гранати „Торнадо Г“, противвоздухопловни ракетни системи „ТОР“ и самоодни артилериски хаубици „Мста-С“.

На почетокот на вежбата единиците за РХБ заштита изведоа марш долг 30 километри во зададените реони за гаѓање. Во текот на маневрите учесниците во вежбата не мораа само да ги совладуваат пречките, туку и да ги одбиваат нападите на непријателските диверзантски групи.

Извидувањето на целите и контрола на нивното уништување обезбедија единиците беспилотни летала.

Во активната фаза на вежбите единиците ТОС „Сонцепјок“ извршија боево гаѓање од ракетните лансери, уништувајќи ја колоната техника на основните сили на условниот непријател и обезбедија инсталација на маскирни аеросолни завеси, соопшти службата за односи со јавноста на Јужниот воен округ.

Системите „Сонцепјок“ се наоѓаат во вооружувањето на руската војска од 2001 година. Направени се врз база на шасијата на тенкот Т-72 и на тој начин е овозможено екипажот и вооружувањето да се заштитат од непријателско огнено дејство.

Експлозија на реактивен проектил со термобарична глава со калибар 220 мм се случува на површината на целта, експлозивната материја се меша со воздухот и се запалува. Температурата во епицентарот на експлозијата достигнува 800 степени. Огнот го гори целиот простор, оклопна техника и градби на површина од четири хектари. 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња