Сириската армија успеа повторно да си врати основен борбен тенк Т-90 кој пред неколку дена падна во рацете на протурските бунтовнички формации при Втората битка за Саракиб. Овој момент го забележаа и локалните сириски новинари кои се затекнаа на местото.
Пред неколку дена сириските единици успеаја да изгубат еден тенк од овој тип во борбите со ХТШ. Меѓутоа, судејќи според сé, тенкот беше напуштен од страна на терористите бидејќи не знаеле како да го употребат.
Имено, се работи за тенк кој е технолошки значително понапреден од стандардните тенкови што се употребуваат во сирискиот конфликт како што се Т-55, Т-62 и Т-72. Интегрираната опрема (особено системот за управување со огнот) е посложена во однос на постарите модели тенкови, и за нејзино совладување е потребна специјалистичка обука.
Интересно е да се истакне дека Т-90 е оставен во практично неоштетена состојба (така барем се гледа на видеоматеријалот – заб. на авторот). Засега не е познато каква е состојбата во неговата внатрешност.