Путин: Модернизирано е речиси 70% од руското вооружување (ВИДЕО)

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Во руската армија бројот на војници од 2000 година е намален за 300000, но не е намалена нејзината борбена готовност.

Во руската армија во 2019 година имаше веќе 68% модерно вооружување, изјави претседателот на Русија Владимир Путин во интервју за агенцијата ТАСС.

„Армијата во 2000 година имаше еден милион и триста илјади луѓе. Сега има малку повеќе од милион. Порано годишно модернизиравме само еден процент од вооружувањето, имаше само 6% современа техника. А знаете ли колку има сега? Речиси 70%“, рече Путин.

Рускиот претседател во интервјуто исто така истакна дека Русија развила хиперсонични офанзивни системи, меѓу другото и интерконтинентални, кои немаат пандан во светот. Покрај сето тоа, Русија не планира да војува со никого.

„Ние создаваме услови никој да не помисли да војува против нас“, рече рускиот претседател.

Тој нагласи дека Русија е седма во светот по трошоците што се издвојуваат за одбрана.