Во рамките на рускиот контингент во Сирија се наоѓаат и фамозните специјалци од составот на ССО (Единица за специјални операции). Оваа структура на руската армија е директно потчинета на рускиот Генералштаб. Овие сили се оспособени ефикасно да реализираат најсложени форми на борбени задачи што ги наметнува модерното боиште. Својата врвна обученост во полн капацитет ја прикажаа во Сирија. Снајперистите на ССО во последно време се видени со пушки ДВЛ-10 М1 „Диверзант“, но и со далекустрелната пушка DXL-3 „Возмездие“, пишува порталот Mars.online.
На видеоматеријалот се гледаат кадри од мисии кои многу успешно ги реализираа снајперистите на ССО. Во рамките на овие единици дејствуваат и снајперски тимови. Тие се специјализирани за неутрализирање цели на стандардни, но и на големи далечини. Термовизиската камера го забележа неутрализирањето на поголем број терористи од различни далечини. Интересно е да се види и тактиката на руските снајперисти кои истовремено неутрализираат повеќе непријателски цели, не оставајќи им никаква шанса за преживување.
Во овие акции руските снајперисти го користат најновото оружје што го произведува руската компанија Lobaev Arms. Голем број стручњаци сметаат дека оваа компанија произведува оружје кое е најдобро на светот. Нивна карактеристика е исклучителната прецизност, што овозможува да се остварат ефикасни погодоци на екстремни далечини. Снајперистите на ССО во последно време се видени со пушки ДВЛ-10 М1 „Диверзант“, но и со далекустрелната пушка DXL-3 „Возмездие“ (Одмазда).
DXL-3 „Возмездие“ е високопрецизна снајперска пушка со голем дострел. Масивната пушчена цевка му обезбедува висока прецизност на оружјето. Прилагодливиот кундак на оружјето е направен од специјална легура на алуминиум кој се користи во воздухопловната индустрија. Брзината на куршумот на устата на цевката изнесува 9000 м/с. Вкупната должина на пушката е 1345 милиметри, а тежината 7,95 кг. Должината на пушчената цевка изнесува од 720-820 милиметри. Ефективниот дострел на оваа пушка во идеални услови е преку 3500 метри.
Lobaev Arms пред две години ѝ претстави на јавноста други новитети – снајперските пушки ДВЛ-10 М1 „Диверзант” и ДВЛ-10 М2 „Урбана”. Првата пушка е предвидена за експлоатација во воените единици, додека втората е специјално проектирана за употреба во специјалните полициски единици, каде што е особено ефикасна во градски услови. Групирањето на погодоците кај двете пушки одговара на највисоките светски стандарди („Диверзант”-0,5 МОА, „Урбана”-0,38 МОА).