Имено, турската армија на северот на Сирија (зоната Идлиб) дава активна артилериска поддршка на исламистичките групи собрани околу организацијата Хајат Тахрир аш-Шам. Во оваа операција се ангажирани батерии самоодни хаубици Т-155 „Фиртина“ и повеќецевни ракетни лансери Т-122 „Сакарја“, пренесува интернет-порталот Marsonline.
Вишецевни бацач ракета Т-122 Сакарја и самоходне хаубице Т-155 Фиртина на територији Сирије. pic.twitter.com/Ee2DMKyMcn
— Marsonline (@gvozdenavolja) February 24, 2020
Оваа ситуација стана идеален терен за ново тестирање на руските ПВО-системи „Панцир-С1“. Овие системи се распоредени на северот на Сирија и активно учествуваат во соборувањето ракети истрелани од турските ракетни системи. Руските медиуми наведуваат дека притоа е остварен многу висок процент на соборување на овие ситни и брзи цели, кој достигнува респектабилни 80%.
„Нашата противвоздухопловна одбрана успешно ги соборува турските ракети и ги одбива нападите на Ердоган и неговите терористи. Сите поважни региони се ефикасно заштитени од удари од воздух и од земја“, рече извор од сириската армија.
Сириските извори понатаму наведуваат дека „ракетниот чадор“ формиран од системите „Панцир-С1“ успеал да неутрализира голем број артилериско-ракетни напади врз копнените единици на САА. На овој начин се спречени големи жртви меѓу сириските војници. Турските извори кои наведуваат дека во операциите на армијата се ликвидирани стотици војници се најобична пропаганда и дека нема никаква вистина во тоа.
„Неколку добро позиционирани системи „Панцир-С1“ се во состојба да одбијат масовен ракетен удар на повеќецевни ракетни лансери“, потсетува сирискиот извор.
Неодамна се појавија информации дека на подрачјето на непосредните борбени дејствија се забележани овие системи.
96К6 „Панцир С1” е противвоздухопловен хибриден ракетно-топовски систем со краток дострел, наменет за заштита на цивилни и воени објекти од напад со сите современи и перспективни средства за воздушен напад, во сите временски услови, без оглед на времето од денот (ден/ноќ), при масовна употреба на противнички системи за противелектронска борба.
Со ракетите може да гаѓа цели на далечина од 20 км/висина 15 км, додека со топовите покрива растојание до 5000 метри. Топови дејствуваат со брзина од околу 4800-5000 гранати во минута. Благодарение на својата универзалност, системот може да се користи против копнени и надводни цели.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче