Русите прават вселенска ракета за евтини лансирања

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND
Руските научници развиваат супер ракета за повеќекратна употреба која во Земјината орбита од 200 километри ќе доставува микро и нано-сателити.

За нејзините творци најважна беше цената на достава на еден товар во орбитата, која треба да биде на нивото на рекордно ниската, од 12 илјади долари за килограм, што е двојно поевтино од најнепосредните конкуренти, американската ракета „Еклектрон“ која ја произведува Rocket Lab.

Тоа ќе може да се постигне благодарение на поедноставувањето на едностепената конструкција на носачите и иновативниот мотор на гас со млазница со нова конфигурација, кој може да работи во сите режими на различни висини. При промена на висината на летот на ракетата тој не ја губи влечата.

Завршетокот на првата верзија е планиран за 2025 година. Проектот ќе чини околу 2,5 милијарди рубли (35,7 милиони евра). Според мислењето на стручњаците, инвестицијата би можела да се исплати за само 12 лансирања.