Како да се спречи епидемијата: Руски научници пронајдоа начин за откривање на коронавирусот

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND
Официјално е регистриран системот, развиен од центарот „Вектор“, на тестирање за откривање на нова инфекција од коронавирус, се наведува на сајтот на руската Федерална служба за инспекција во сферата на заштита на правата на потрошувачите и доброто на човекот (Роспотребнадзор).

„Издадено е регистрациско уверение бр. РЗН 2020/9677 за систем на тестирање за откривање на РНК на коронавирусот 2019-nCoV со метод на реакција на верижна полимеризација, кој го разви федералниот научен центар „Вектор“ на „Роспотребнадзор“, се наведува во соопштението.

Кинеските власти на 31 декември 2019 година ја известија Светската здравствена организација дека дошло до епидемија на непознато запаление на белите дробови во градот Вухан во централниот дел на земјата (провинција Хубеи). Стручњаците го открија предизвикувачот на болеста: коронавирусот 2019-nCoV. Бројот на заразените во Кина веќе надмина 63,8 илјади. Од болеста починаа 1380 лица, додека надвор од Кина се заразени 505 лица. Светската здравствена организација на новиот вид коронавирус од Кина му го даде официјалниот назив COVID-2019.