Руската „паметна“ артилериска граната „Краснопољ“ повторно видена во Сирија

Сириската армија ги поседува во својот состав овие исклучително опасни и ефикасни артилериски проектили од руско производство. На интернет мрежата се појави фотографија на која се гледа сириски артилериски екипаж на влечна хаубица 2А65 „Мста-Б“ како се подготвува да истрела „Краснопољ“.

Првите информации за можна примена на проектилот „Краснопољ“ се појавија во Сирија кон средината на 2016 година. Експанзијата на употребата на овој проектил уследи во 2017 година во текот на операцијата за деблокирање на Деир-ез-Зор. Притоа беа снимени и голем број видео-кадри на кои се гледа „снајперското“ дејство на оваа муниција, пренесува Mars.Online.

„Краснопољ“ се наведува на целта со помош на ласерски сноп кој е дел од автоматизираниот ситем за управување со огнот „Малахит“. Овој маркер првенствено го користат специјалните единици, но во последно време истата опрема се монтира и на извидувачки беспилотни летала. Благодарение на оваа технологија се постигнуваат импресивни резултати кога е во прашање прецизноста на артилериската стрелба.

„Краснопољ“ е многу ефикасен кога треба да се уништат објекти што се користат за складирање на оружје и муниција. Кога треба директно да се погоди огнена точка со утврден непријател или вкопано артилериско орудие со екипаж. Неретко со него може да се нападнат и непријателска оклопна борбена техника, транспортни средства и слично.

Високопрецизниот проектил има мошне висок рејтинг во светот благодарение на неговата успешна употреба во Сирија. Неговата ефикасна примена беше особено видлива при пробивањето на џихадистичката одбрана во реонот на Абу Камал (Операцијата за деблокада на гарнизонот Деир-ез-Зор).

Врз основа на овие искуства, руските инженери работат на постојано унапредување на проектилот „Краснопољ“. Последните негови верзии имаат можност за наведување преку сателит. Прецизноста на максимални далечини достигнува респектабилни 90% (од 10 гранати 9 ќе го погодат центарот на метата). Притоа се постигнуваат минимални отклони од гаѓаната точка, кои во основа се небитни.

„Краснопољ“ е високопрецизен артилериски (хаубички) проектил опремен со разорно-распрскувачки тип на боева глава. Развиен е од Конструкторското биро за производство на прибор од Тула (Конструкторское бюро приборостроения). Сериското производство на проектилите се реализира во компанијата ОАО „Ижмаш“. Се произведува во два калибра 152 и 155мм (извозна верзија). Ефективниот дострел на проектилот е до 25 км. Рамковната цена за модернизираната верзија на проектилот со ознака „Краснопољ-М“ е 35 илјади американски долари.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња