Русите работат на терахерцен радар кој без проблем ќе ги открива нанодроновите „Црн стршен“

Youtube
Терахерцниот или субмилиметарскиот локатор ќе има способност да го задржи фокусираниот сноп врз екстремно ситен објект, што е невозможно да се постигне со радарите кои работат во други дијапазони. Овој радар со зафаќањето на својата цел ќе може да ја прочита нејзината форма, материјалот од кој е направена, брзината на летот, траекторијата на движење.

Руската воена индустрија интензивно работи на развој на нова генерација радари кои ќе бидат специјализирани за откривање беспилотни летала со исклучително мали димензии. Овие летала можат да работат во терахерцен дијапазон, каде брановата должина на радио-брановите е помала од еден милиметар.

За разработка на овој проект и неговата експериментална фаза е предвиден рок од пет години. Ова за ТАСС го изјави генералниот директор на компанијата РТИ Павел Липтаев. Раководителот на оваа компанија изјави дека терахерцниот или субмилиметарскиот локатор ќе има способност да го задржи фокусираниот сноп врз екстремно ситен објект, што е невозможно да се постигне со радарите кои работат во други дијапазони. Овој радар со зафаќањето на својата цел ќе може да ја прочита нејзината форма, материјалот од кој е направена, брзината на летот, траекторијата на движење.

Компанијата веќе успеа да постигне квалитетни резултати во текот на изминатата година. Како што пренесува веб-порталот РГ, специјалистите ја усвоиле елементарната база за изработка на радарската станица, како и успешно да идентификуваат објекти со неа. Во моментов конструкторите работат на изработка на соодветен софтверски пакет за овој тип радари. Неговата главна цел е брзо и ефикасно препознавање на конкретната категорија на детектираното беспилотно летало, како и моментно пренесување на информациите до главниот оператор што ракува со терахерцниот радар.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња