„АрМи-2020”: Прикажани највпечатливите снимки од подготовките на руските војници

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Руското Министерство за одбрана планира годинава да ги направи натпреварите во рамките на Армиските меѓународни игри попривлечни за гледачите, соопшти рускиот министер за одбрана, генерал Сергеј Шојгу.

„За да ги направиме натпреварите уште поатрактивни, ги направивме трасите потешки и ги заостривме барањата на судиите, споивме неколку задачи и воведовме нови елементи во натпреварите“, рече Шојгу на заседанието на организациониот комитет за подготовка на игрите.

За тоа време Вооружените сили на Русија започнаа веќе интензивни подготовки за учество на Армиските меѓународни игри во 2020 година. Снимки од маневрите објави рускиот воен телевизиски канал „Ѕвезда“.

Армиските меѓународни игри оваа година започнуваат на 23 август и ќе траат до 5 септември. Во рамките на игрите се планирани над 30 натпревари. Министерството за одбрана на Русија соопшти дека своето учество веќе го потврдиле седум земји, кои ќе ги претстават 80 екипи. Исто така, оваа година, за прв пат, истовремено ќе биде одржан форумот „Армија“ со цел привлекување на поголем број странски делегации на двата настани.