„Во Техничкиот комплекс е во тек монтажа на пет ракети „Сојуз-2“ кои се дел од овогодишната програма”, напиша Рогозин на „Твитер“.
На снимката се прикажани неколку составни делови на ракетата. Работата над деловите на трупот, како и над моторите на „Сојуз-2” се одвива во техничкиот комплекс.
„Сојуз-2” е семејство на тристепени ракети-носачи од средна класа кои ги произведува самарскиот ракетно-космички центар „Прогрес”.
Рогозин претходно изјави дека за 2020 година се планирани пет лансирања од космодромот Восточни: во април, мај, јуни, јули и ноември.