Министерството за одбрана откри колку време ѝ е потребно на Москва да се одбрани од ракетен удар

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND

Актуелниот систем за противракетна одбрана ѝ дава можност на Москва да се одбрани од ракетен удар за неколку десетици минути. Ова го изјави генерал-мајор Сергеј Грапчук во разговор за „Црвена ѕвезда“.

Како што објасни генерал-мајорот, системот открива цели на растојание од неколку илјади километри. Истовремено се одвојуваат боевите глави од бројни лажни цели и се прецизираат нивните траектории. „Во дадено време се врши лансирање и наведување на противракетите во точките на средба, каде и доаѓа до уништување на боевите глави“, рече тој.

„Притоа ракетната борба може да трае помалку од минута”, рече тој.

Како што нагласи генерал-мајорот, карактеристиките на системот овозможуваат да се пресретнат проектили што го напаѓаат градот со речиси стопроцентна сигурност.

Во 2017 година списанието „Национален интерес“ пишуваше дека Москва е во светот најзаштитениот град од нуклеарен напад.