Руските научници предложија нов начин за борба со вселенското ѓубре. Се појави предлог да се направи падобран кој ќе ги забавува и спушта од орбитата сателитите кои излегле од употреба, пренесуваат руските медиуми.
Како што се наведува, уредот на надувување со топчест облик со дијаметар од три метри овозможува да се воведе во густите слоеви на атмосферата сателит, составен од три модули CubeSat.
Како што се истакнува, вселенските апарати треба да бидат опремени со системи за рециклирање.
Три милиони фрагменти, вклучувајќи преку седум илјади објекти поголеми од десет сантиметри се наоѓаат во орбитата, велат експертите од Московскиот државен технички универзитет „Бауман“, пренесува „Интерфакс“.
Загадувањето на вселената може да доведе до ефектот на Кеслер, односно до ситуација во која реализацијата на вселенските летови би била невозможна.
Ситуацијата се влошува кога фрагменти на ѓубрето при судир се распаѓаат на помали честички, зголемувајќи го на тај начин бројот на фрагменти на отпад во орбитата.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче