Сликата е симболична
Global Look PressВо овој момент во Земјината орбита „лебди“ мноштво ислужени степени на ракети и потисни блокови.
Стручњаците на рускиот Централен научноистражувачки институт за прецизна механика и Ракетно-космичкиот центар „Прогрес“ ќе претстават на конференцијата „Вселенски отпад, фундаментални и практични аспекти и закани“ проект на специјален модула за фаќање големи објекти на вселенски отпад. „Ласото“ ќе работи со помош на специјален модул на сајли кој ќе биде споен со горните степени на ракетата, пренесуваат руските медиуми.
Модулот на сајла ќе се одвојува од ракетата-носач и ќе се спојува со вселенскиот отпад по што сајлата ќе се затегнува и ќе формира низа: степен на ракетата-носач (потисниот блок) - транспортниот приклучен модул - вселенскиот отпад заради спуштање од орбитата со користење на погонскиот систем на ракетата-носач, се наведува во рефератот.
За функционирање на овој концепт треба да се развие транспортен приклучен модул, систем на сајли и блок за спојување со вселенскиот отпад. Потисни блокови за овој систем постојат, тврдат научниците, а тоа су „Бриз“ и „Фрегата“, кои се конструирани на тој начин што можат повеќе пати да го придвижуваат моторот.
На тој начин, како што истакнуваат стручњаците, Земјината орбита ќе може да се ослободи од ислужените степени на ракетите-носачи и потисните блокова кои веќе се наоѓаат во вселенат. За најзагадени се сметаат орбитите на висина од 800 до 1500 километри.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче