Малку недостасуваше руски и американски воен брод да се судрат во Арапското море на почетокот на јануари, соопшти Петтата флота на Воената морнарица на САД.
„Во четвртокот, 9 јануари, за време на редовните операции во северниот дел на Арапското море, руски воен брод агресивно му се приближи на американскиот воен брод УСС „Фарагут“ (DDG 99)“, пишува официјалната страница на Петтата флота на „Твитер“.
On Thursday, Jan. 9, while conducting routine operations in the North Arabian Sea, USS Farragut (DDG 99) was aggressively approached by a Russian Navy ship. pic.twitter.com/SCVyTINNqe
— U.S. 5th Fleet (@US5thFleet) January 10, 2020
Американската воена морнарица објави и видео од инцидентот. Се гледа како рускиот шпионски брод „Иван Хурс“ (дел од проектот 18280) приоѓа на само 54 метри од крмата на американскиот разурнувач УСС „Фарагут“.
Кога бродовите се приближија, капетанот на „Фарагот“ нареди да се вклучи алармот од „пет кратки сигнали, што е меѓународен поморски сигнал за опасност од судар и побара од рускиот брод да го промени курсот во согласност со меѓународните правила за пловидба“, се вели во соопштението на Петтата флота.
Веднаш потоа рускиот брод го променил курсот и на тој начин го зголемил растојанието, избегнувајќи судар. Руски официјални лица сметаат дека немало опасност од судар, дека американски брод му го пресекол патот на рускиот брод и дека руските морнари професионално спречиле катастрофа, која подоцна е претворена во нова политичка дилема.
Бродовите од проектот 18280 практично немаат никакво оружје освен лесно противвоздухопловно оружје, така што не претставуваат опасност за американскиот разурнувач (како ни за кој било друг брод).
Набљудувачкиот брод на Воената морнарица на Русија „Иван Хурс“ впловува во Босфорот на пат за Средоземното море. Истанбул, Турција, 29 ноември 2019 година.
Reuters„Иван Хурс“ е набљудувачки брод. Направен е да собира од непосредна близина податоци за сите комуникации и лансирани ракети во подрачјата зафатени од војна во Сирија, каде руската армија сè уште спроведува воена операција против терористичката организација „Исламска држава“.
Сите собрани податоци за движењето на непријателските сили во регионот се испраќаат од бродот до командните центри.
„Иван Хурс“, брод од новата генерација со најновите руски високотехнолошки системи и опрема, ги замени сличните, но застарени бродови од советскиот период. Новиот брод има депласман од преку 4000 тони и може да помине 13000 километри без полнење гориво и запирање во пристаниште.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче