Кое руско оружје би сакал да го има Иран?

Виталиј Ањков/Sputnik
Овие високотехнолошки ѕверови од Русија би можеле до крајот на 2020 година да ја зајакнат иранската одбрана од заканите од воздух и од море, во случај доколку Обединетите Нации повторно не му забранат на Иран увоз на оружје.

Главните ирански вооружени системи се веќе застарени поради низата санкции на ООН и на САД со кои на Иран му беше ограничена набавката на нова воена технологија од странство.

Но, до крајот на 2020 година санкциите на ООН треба да бидат укинати и Техеран ќе има можност да ја модернизира својата одбрана со најнови технологии. Секако, ова ќе биде можно доколку санкциите не бидат продолжени. А, еден од најголемите потенцијални снабдувачи на иранската војска е Русија, со оглед на тоа дека Иран сè уште користи големо вооружување од советската епоха.

Кои се вооружените системи што Русија е согласна да му ги продаде на Иран за оваа блискоисточна земја да ја зајакне својата одбрана кога ќе престане важноста на санкциите?

Су-30СМ

Ова е најновата модификација на рускиот ловец од генерацијата 4++.

Една од неговите главни карактеристики се одличните маневарски способности во воздушната борба што на пилотот му овозможува да изведува акробации на високо ниво за да ги избегне непријателските проектили. Авионот постигнува врвни резултати благодарение на интегрираниот аеродинамични систем со високи перформанси и со најновите авионски мотори АЛ-31ФП.

Благодарение на радиоелектронската опрема во кабината, секој Су-30СМ може да ги користи своите ракети во текот на најсложените летни маневри и да ги елиминира воздушните цели на мали и да средни растојанија.

Су-30СМ може да ги користи сите модерни и напредни руски високопрецизни наведувачки ракети од класата „воздух-воздух“ и „воздух-земја“, преминувајќи до 3.000 километри без дополнување на резервоарот или без слетување.

Бастион-П (К-300П)

Рускиот мобилен одбранбен систем „Бастион“ е решение за заштита на брегот од сите современи носачи на авиони, борбени бродови и десантни чамци кои претставуваат закана на земјата.

Секоја батерија е составена од командно возило, возило за поддршка и четири самоодечки лансери. Последниве носат по две ракети од типот „Оникс“ П-800, што е суперсонично оружје со боеви глави кои се тешки 250 килограми со високоексплозивно полнење.

Овие ракети можат да елиминираат цели на оддалеченост до 300 километри од брегот и на тој начин да му овозможат на Иран да обезбеди огнена моќ за одбрана на Персискиот залив и секој брод што минува низ него.

Секој ракетен систем „Бастион“ може да остане на активна стража 3-5 дена или до 30 дена, доколку го следат борбени возила за поддршка.

С-400

Ова руско ремек-дело на противвоздушната одбрана е ненадминато во светот.

С-400 е одбранбен систем креиран за одбрана на клучните воени и државни структури од сите модерни и напредни воздушни закани. Овие закани опфаќаат ловци и бомбардери опремени со стелт-технологии, крстосувачки ракети кои се движат со суперсонична брзина над самата површина на земјата, балистички ракети итн.

Секоја батерија С-400 може да собори цели од секој правец на оддалеченост до 200 километри, благодарение на својот радиус на гаѓање од 360 степени (за разлика од најблиската конкуренција, американскиот систем МИМ-104 Патриот, кој покрива само радиус од 180 степени).

Како и другите современи руски системи за ПВО, и овој може да функционира во сите временски услови, почнувајќи од силните врнежи до песочни бури, и може да соборува ловци од петтата генерација со речиси 100% сигурност

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња