Инцидентот, судејќи според сé, се случил во провинцијата Латакија/Сирија.
На видеоматеријалот се гледа напад од противтенковски ракетен систем врз тенк што стои на една полјана. По неколку секунди летање ракетата го погодува тенкот. Меѓутоа, во овој случај, судејќи според сé, многу ефикасно дејствувала динамичката заштита на тенкот, која се состои од експлозивни елементи што го покриваат основниот тенковски оклоп.
Основната функција на динамичката оклопна заштита, која се поставува на оклопот на тенкот, е разбивање на кумулативниот млаз што се појавува кога ракетата удира во тенкот и детонира. Кумулативниот млаз се неутрализира со експлозија на динамичниот елемент кој инаку се монтира и во форма на „коцки“ на телото на тенкот. На овај начин се оневозможува негово пробивање низ основниот оклоп на тенкот и орудието со својот екипаж останува во живот.
Кон крајот на декември на сличен начин беше дејствувано и по постар советски тенк Т-62. Наведуваната ракета ја погоди фронталната проекција на тенкот. Целиот инцидент беше снимен од извидувачко беспилотно летало со кое управуваа терористите.
Како што може да се види, по погодокот не дојде до активирање на внатрешниот борбен комплет што обично доведува до страшна експлозија, ниту пак тенкот се запали. Меѓутоа, надворешните сегменти на тенкот, вклучувајќи ги и оптичките уреди, најверојатно претрпеле сериозни оштетувања.