Ракета „Калибар“ погодува цел на вежби во Црното Море (ВИДЕО)

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Маневрите се одржани во склоп на заедничките вежби на Црноморската и Северната флота.

Телевизиската станица „Ѕвезда“ објави снимка од лансирање на ракета „Калибар“ на вежбите во Црното Море, на кои присуствуваше претседателот на Русија Владимир Путин.

Ракетите кои прецизно ги погодија целите беа истрелани од екипажите на фрегатата „Адмирал Григорович“, малиот ракетен брод „Орехово-Зуево“ и подморницата „Колпино“.

Исто така, на вежбите кои од палубата на ракетниот крстосувач „Маршал Устинов“ лично ги следеше претседателот на Русија Владимир Путин , успешно беше тестирана аеробалистичка ракета „Кинжал“.

Крстосувачките ракети „Калибар“ спаѓаат во едно од најефикасните убојни средства во вооружувањето на бродовите и подморниците на руската Воена морнарица. Широко беа користени во воената операција во Сирија, каде ги потврдија своите високи тактичко-технички карактеристики.