Путин следеше маневри во Црното Море од палубата на ракетен крстосувач (ВИДЕО)

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Рускиот лидер Владимир Путин од палубата на ракетниот крстосувач „Маршал Устинов“ ја набљудуваше заедничката воена вежба на Северната и Црноморската флота во Црното Море. Во маневрите учествуваа повеќе од 30 бродови, една подморница и 40 летала.

Како што јавува агенцијата „РИА Новости“, изведено е ракетно гаѓање, меѓу другото, и со ракети „Калибар“ и „Кинжал“.

„Воената вежба е успешно изведена“, му рапортираше на Путин командантот на Воената морнарица на РФ Николај Евменов, по што врховниот командант нареди маневрите да завршат и ангажираните сили да се повлечат во базите.

Претходно Путин изјави дека Русија ги претекнала другите земји во развојот на напредно оружје. Според него, никој друг во светот нема хиперсонично оружје.