На руска телевизија покажано отворено „нуклеарното куферче“

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Овој куфер беше кај офицер кој деноноќно се наоѓал во близина на врховниот командант.

Телевизиската станица „Ѕвезда“ првпат во историјата прикажа отворено „нуклеарно куферче“. За механизмот на „нуклеарното куферче“ зборуваше водителот на емисијата „Военаја пријомка“ Алексеј Егоров.

Како што нагласи тој, иако прикажаниот куфер е стар педесет години, ова е првпат неговиот уред да се прикажува на телевизија.

Тој особено укажа на фактот дека копчето „старт“ е бело, а не црвено, како што инаку се верува.

Една од компонентите на куферот е индивидуалната флеш картичка. И тоа е еден од клучевите што се ставаат во куферот, рече водителот.