„Засега е донесена одлука за изградба на два брода, а подоцна серијата може да биде проширена”, изјави за РИА „Новости“ извор од руската воена индустрија.
Планирано е Руската морнарица да ги прими бродовите во 2025 и 2026 година.
Претходно, упатен извор изјави за РИА „Новости“ дека новите универзални носачи ќе можат да сместат 12-16 хеликоптери.
Договорот за испорака на два носачи на хеликоптери од класата „Мистрал“ вреден 1,2 милијарди евра првично беше склучен помеѓу француската компанија DCNS/STX и „Рособоронекспорт“ во 2011 година. Првиот брод Франција требаше да го испорача во ноември 2014 година, но поради настаните во Украина и воведувањето санкции против Русија, претседателот Франсоа Оланд реши да го раскине договорот.