Оперативците на воената разузнавачка служба мораат незабележливо да ги соберат сите податоци за непријателот и да „исчезнат во ноќта“ за со своето присуство да не го издадат нападот на одредот на Спецназот.
Што сè мора да умее човек кој тргнува во таква мисија?
Снаоѓање во непријателска заднина
„За успешно да биде извршена задачата на непозната територија човек мора совршено да се ориентира на теренот и добро да ја познава воената топографија. А, за да го направи тоа тој мора вешто да користи компас и мапа. Мора да има извежбано око за препознавање на клучните непријателски објекти, мора да ги запишува координатите на тие објекти и потоа ефикасно да ги достави до штабот“, вели за Russia Beyond резервен офицер на рускиот Спецназ кој сакаше да остане анонимен.
Владимир Вјаткин / Sputnik
Покрај сето тоа, воениот разузнавач мора „од прва“ да го препознае моделот и калибарот на оружјето во непријателските раце, како и нивото на обученоста на непријателските војници и офицери.
„Со други зборови, мораш да препознаеш дале пред тебе стои 'мајмун со граната' или борец чие ниво на обука е еднакво на американската 'Делта' или на британскиот САС“, додава тој.
Покрај тоа, извршувајќи ја задачата на непозната територија разузнавачот треба јасно да согледа кој е кој во непријателските редови, и во согласност со тоа да ги издвои најопасните мети, па да ја извести комнадата кој треба да биде уништен најпрво.
„Но, ништо од тоа доколку разузнавачот не е вешт во маскирање и не умее нечујно ноќе да се движи по теренот, така што ниту едно гранче да крцне, а да не зборуваме за совладување на инженерски препреки како што е бодликава жица, челични или развлечени мрежи итн.“, истакнува офицерот.
Тој исто така мора да биде обучен без проблем да форсира река и да ги совладува сите водни препреки на најповолното место.
Кои се кандидатите за воена разузнавачка служба?
Тргнувајќи од антропометриските податоци, најдобри кандидати за воената разузнавачка служба се сиви и жилави момчиња високи околу 175 сантиметри.
Виталиј Ањков / Sputnik
Филмовите за специјални единици ја популаризираат заблудата дека главниот јунак мора да биде набилдан како Шварценегер или како Сталоне. Во стварноста таквите мускули е тешко да се „нахранат“, особено кога човек мора да оди низ планини и шуми со ранец и опрема тешки 50 килограми.
Во единицата се избираат момчиња кои сè уште студираат. Најпопуларни „расадници“ на такви кадри се Академијата на Федералната служба за безбедност и Рјазањската падобранско-десантна школа.
Често, меѓутоа, „повикот“ на приемен испит им се испраќа и на оние активни офицери од различни структури кои во текот на службата постигнувале исклучителни резултати „најдобрите меѓу најдобрите“ им се добро познати на сите во Министерството за одбрана).
Нивната физичка подготвеност (со ретки исклучоци) мора во најмала рака да биде на нивото на спортската категорија „кандидат за мајстор на спортот“. За време на изборот приоритет главно имаат атлетичарите, стручњаците за спортска ориентација и момчињата кои имаат поминато алпинистичка обука.