Како што пренесуваат руските медиуми, компанијата започнала со предсериско производство на 18 ноември, исфрлајќи дневно шест рестилизирани возила, додека од 27 ноември целосно во целост ќе се префрли на производство на теренци со нов салон.
Продажбата на автомобили со променета инструмент-табла, централна конзола, таван, нов облик на седиштата, како и задна клупа со удобни потпирачи за глава, подобрено електронски регулирано греење, кровна антена и други новитети, ќе започне во декември или јануари следната година. Како и досега, возилото ќе биде опремено со 1,7-литарски атмосферски мотор од 83 коњски сили спарен со петстепен менувач.
Претходно се зборуваше дека „Лада 4х4“ би можела ја да добие платформата на алијансата „Рено-Нисан“ за автомобили со средна големина CMFB-LS. Како што истакна директорот на АвтоВАЗ Никола Мор, компанијата настојува да ги зачува врвните теренски карактеристики на познатото возило.
„Очигледно е дека работиме на наследникот на постојниот модел „Лада 4х4“, ја разгледуваме можната синергија со алијансата „Рено-Нисан“, вклучително и можна употреба на заедничка платформа“, рекоа од АвтоВАЗ
„Лада 4х4“продолжува да биде исклучително популарен модел на рускиот пазар на автомобили и еден од петте најпродавани кросовери. Во првите десет месеци од оваа година се продадени 26325 примероци, што е за три отсто помалку отколку во истиот период минатата година, но тоа е, со оглед на пазарот во пад, стабилна побарувачка.