На воената парада, која традиционално се одржува на Денот на победата на 9-ти мај на Црвениот плоштад во Москва, ќе учествуваат дваесет примероци на борбена техника која никогаш порано не учествувала во дефилето, соопшти министерот за одбрана на Руската Федерација Сергеј Шојгу на седницата на колегиумот на ресорот, пренесува „Ѕвезда“.
Global Look Press
На воената парада по повод седумдесет и петгодишнината од победата во Втората светска војна ќе учествуваат преку четиринаесет илјади луѓе, околу триста единици вооружување и воена техника, вклучително и преку сто летала. На Црвениот плоштад ќе продефилираат и единици на вооружените сили на други земји.
Reuters
Покрај Москва, празнични паради се одржуваат и во уште дваесет и осум градови во земјата. Свечени поворки ќе поминат во сите места во кои се наоѓаат воени единици. Ќе учествуваат преку сто и педесет и пет илјади луѓе и околу три илјади единици техника.