Првата фаза на испорака на руските основни борбени тенкови Т-90С за оклопните единици на ирачката армија е целосно завршена. Во овој момент двете страни преговараат за реализација на втората фаза на испорака. Ова на интернет-порталот ТАСС го пренесе медиумскиот сектор на Федералната служба за воено-техничка соработка - ФСВТС, која заедно со другите големи воено-индустриски производители се наоѓа на аерокосмичкиот саем во Дубаи.
„Целосно ја реализиравме првата фаза на испораката. Процедурата и техничките аспекти на испораката на оклопната борбена техника во втората фаза дополнително ќе бидат усогласени“, соопшти информативната служба на ФСВТС.
Во февруари 2018 година началникот на ирачкиот генералштаб, генерал Усман ал-Ганми, најави испорака на првиот контингент од 36 тенкови Т-90С кој беше договорен при потпишувањето на договорот со Русија за набавка на современа борбена техника. Ирачката страна склучи договор со Русите за набавка на вкупно 73 тенкови Т-90С/СК.
Имено, борбеното искуство што на територијата на Сирија супериорно го демонстрираше на рускиот борбен тенк Т-90, решително влијаеше врз военото и политичко раководство на оваа земја цврсто да се определи за руските тенкови, поточно за извозната верзија Т-90С. Со овие тенкови комплетно ќе биде опремена елитната 35. тенковска бригада на 9. тенковска дивизија на ирачката армија, која претходно се потпираше на американските тенкови М1А1-М „Абрамс“.
Т-90С претставува извозна варијанта на основната верзија на тенкот Т-90. Значи, овој тенк е исклучиво наменет за извоз. Се одликува со моќно оружје, модерен систем за управување со огнот, сигурна оклопна заштита и високо ниво на мобилност. Тенкот ги има сите карактеристики што му овозможуваат да се бори ефикасно во многу сложени метеоуслови без оглед на времето на денот (ден/ноќ). Особено е опасен во борбата против непријателски тенкови, самоодни орудија и целокупниот спектар различни оклопни борбени возила.
Рускиот основен борбен тенк Т-90С е во моментот една од најраспространетите современи борбени машини на светот. Според разни извори, во овој момент во оперативното вооружување на осум држави (не сметајќи ја Русија) има повеќе од 1700 тенкови од овој тип.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче