Русија го претстави во Дубаи луксузниот хеликоптер Ми-38

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
На престижната авиокосмичка изложба во Дубаи своите достигнувања во оваа област ги претставуваат од 70 земји. Руските производители ќе го покажат модернизираниот школско-борбен авион „Јак-130“ и цивилните хеликоптери „Ансат“ и Ми-38.

Аерокосмичкиот салон во Дубаи важи за третатата по ранг манифестација од ваков вид, по салоните во Ле Бурже и Фарнборо, меѓутоа, според големината и изобилството таа е најпрестижната изложба. Токму тука компаниите во широк опсег, од оние инаку воздржани, кои ја бројат секоја пара, до водечките концерни, се претставуваат со луксузни варијанти на сè што се движи по земја и лета на небото, пренесуваат руските медиуми.

Оваа година во Дубаи се претставија 1200 компании и илјадници стручњаци од преку 76 земји. На отворено се паркирани 165 авиони, хеликоптери и беспилотни летала. За овој пазар водат безмилосна борба најголемите светска компанија.

Русија во Дубаи го претстави Јак-130, кој важи за најуспешниот школско-борбен авион создаден во последната деценија. На богатите арапски клиенти „Хеликоптери на Русија“ им го понудија луксузниот Ми-38 со уникатни технички карактеристики и кабина на која навикнаа локалните шеици, пишува порталот НТВ.

Покрај цивилна авијација, во Дубаи се изложени и најдобрите примероци на вооружување во светот. Русија е еден од лидерите на овој пазар. Според шефот на Федералната служба за воено-техничка соработка, земјите од Блискиот исток секојдневно купуваат руско оружје во вредност од речиси две милијарди долари. Турција, со набавката на руските противвоздухопловни ракетни системи С-400, во принцип го промени геополитичкиот распоред во регионот и им даде пример на останатите.