Како што пренесува интернет-порталот РИА „Новости“, воената вежба на која Американците го испробаа познатиот советски/руски тенк е одржана на територијата на Јужна Кореја. Оваа држава во своите вооружени сили има околу 80 оперативни тенкови Т-80 (таква бројна состојба е валидна за 2017 година).
Т-80У претставува основен борбен тенк од семејството Т-80. Вкупната борбена маса на овој тенк достигнува 46 тони. Неговата особеност е дека покрај стандардните гранати од топовската цевка, може да испукува и наведувани ракети „Рефлекс-М“, а исто така има и систем за управување со огнот „Иртиш“.
Овие тенкови влегоа во борбена експлоатација на советската армија во 1985 година. Покрај Русија и Јужна Кореја, во своето вооружување ги има и Кипар.
Занимливости
Во ерата на Студената војна и трката за вооружување, овој исклучително брз тенк беше конструиран како оружје за прв напад. Затоа сите 4000 тенкови Т-80 беа распоредени на западната граница на Советскиот сојуз, во Источна Германија и Источна Европа. Беше замислено во случај на војна за неколку дена да ја поминат Европа и да стигнат до Ламанш.