Скицата се појави на „Твитер“. Од неа може да се види дека новиот систем нема да има потреба да биде придружуван од тешки гасенични логистички машини кои носат и вршат полнење на лансирните единици со ракетна муниција. Сега лансирната единица ќе може да врши сè самостојно, поточно да го пополнува својот борбен комплет. За таа цел, на нејзината платформа е конструиран специјален кран што ќе го обезбедува изведувањето на оваа изискувачка операција.
Do you think Russians have a wheeled TOS-1 / TOS-2 or other MLRS projects? pic.twitter.com/fuG72HAyy7
— Caesar (@Ninja998998) November 14, 2019
Ова во огромна мера ќе ја поедностави експлоатацијата на самата борбена машина и ќе ја направи далеку помобилна, соопштува веб-порталот РГ.
Судејќи според цртежот, новата лансирна единица ќе се наоѓа на платформата на триосовински камион со зголемена проодност. Возилото е производ на Уралскиот автозавод.
Како што може да се слушне, овој проект во моментов е во завршната фаза на развој. Според засега непотврдени податоци, првите комплетирани примероци на новото оружје би можеле да се видат веќе следната година, на големата воена парада по повод Денот на Победата.
Русија е секако водечка земја во светот која постојано ја развива и произведува ракетната компонента на своите артилериски единици за огнена поддршка на копнените сили. Тешките повеќецевни ракетни лансери, со своите ракети со исклучителна разорна моќ, успешно ги демонстрираа своите способности во реални борбени ситуации во Сирија и Ирак. Според недвојбеното мислење на експертите, како од исток, така и од запад, овој систем нема соодветен аналог во светски размери.
Треба да се истакне дека некои воени аналитичари сметаат дека перспективниот тежок повеќецевен ракетен лансер ТОС-2 ќе се базира на гасенична платформа „Армата“. Во тој случај „Тосочка“ би била мобилна верзија на овој систем, базирана на полесна платформа на тркала.
Ракетите опремени со термобарички боеви глава гарантираат уништување на непријателот на отворено. Ракетната салва од овие орудија е исто така исклучително ефикасна и против непријателот што се наоѓа на ридско-планински терен, но и во изградени утврдувања.
Ракетната муниција што ќе ја користи овој систем веројатно ќе остане со истиот калибар (220 мм) како и кај претходните верзии на системите ТОС-1 и ТОС-1А, меѓутоа, таа ќе има поголем дострел и уште поефикасна боева глава.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче