Тој го соопшти ова во интервју за американското издание Newsweek. „Во претходните децении САД ја имаа водечката улога во светот кога станува збор за истражувања во сферата на хиперсоничната технологија. Меѓутоа, ние не сакавме да ја користиме таа технологија во развојот на ново оружје“, рече американскиот потполковник. Во овој момент, според Роберт Кавер, дошло време да се реши новонастанатата асиметрија во борбените способности и додаде „примената на хиперсонично оружје сега е нашиот најголем технички и истражувачки приоритет. Имаме намера никој во светот да не се ни посомнева дека американската војска ќе ја изгуби доминацијата во целиот спектар на борбени способности“, ги пренесува зборовите на американскиот потполковник интернет-порталот РГ (оригиналот на цитатот: https://www.newsweek.com/russia-prepares-deploy-advanced-weapons-no-other-country-has-us-says-it-must-address-this-1470193).
Сајт РГ ги цитираше и зборовите на рускиот претседател В. В. Путин што тој ги изговори во средата за време на состанокот со високи офицери на руската армија. Притоа тој рече дека Русија има намера да продолжи да го унапредува својот одбранбен потенцијал, така што на борбено дежурство наскоро ќе бидат примени системи на хиперсонично оружје и други видови современа технологија со кои во моментов (оперативно – заб. на преведувачот) не располага ниту една држава во светот. Основниот мотив на целокупниот процес на модернизација на руската армија е создавање услови за гарантирање на безбедноста на Русија на фонот на растечките тензии на глобалниот план.
Во меѓувреме САД ја продолжија својата активна работа на развој на хиперсонично оружје за да ја достигнат веќе оддалечената Русија. Летово се појави видеоматеријал од првите тестирања на проектилот AGM-183A Advanced Rapid Response Weapon, кој треба да има хиперсонични карактеристики. Договорот за тестирање и производство на овие ракети беше потпишан во 2018 година.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче