Во интервјуто за телевизиските станици Arabiya, Sky Nеws Arabia и RT Arabic рускиот претседател рече дека е создадено оружје што нема еквивалент во светот, ракетни системи кои не летаат со балистичка траекторија, туку со рамна, суперсонична брзина.
„Засега никој нема хиперсонично оружје, но во водечките армии, се разбира, сигурно ќе се појави, меѓутоа, и ние во тој момент ќе имаме нешто посовремено“, рече Путин. Москва, исто така, развила и ударни системи способни да го совладаат секој ПВО-систем.
Како што нагласи претседателот, Русија е загрижена за ситуацијата во однос на глобалната стабилност и безбедност. САД излегоа од Договорот за противракетна одбрана, како и од Договорот за ракетите со мал и среден дострел, а остана само Договорот за намалување на стратешкото офанзивно вооружување. „Доколку и тој биде поништен, светот ќе стане поопасно и понепредвидливо место“, предупреди рускиот претседател.
Русија не сака втора Студена војна, но ако дојде до тоа, ќе ја допре земјата во најмала мера. Москва има ексклузивни видови оружје. „Трката за вооружување е лоша работа и не му ветува ништо добро на светот. Меѓутоа, ние нема да влегуваме во прекумерни буџетски трошоци“, рече Путин.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче